20 Мај, 2024
0.0310

OneID – поинакво дигитално искуство што го менува секојдневјето и им штеди време на граѓаните

Објавено во: Мои пари 09 Мај, 2024

Добивај вести на Viber

Услугата за електронска идентификација на граѓаните на далечина OneID веќе ја доживува својата поширока примена во услужувањето на граѓаните од страна на давателите на електронски услуги, институциите и организациите кај кои постои голем интерес за нејзина имплементација. Изработена од KIBS и Nextsense целосно во согласност со одредбите од Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, ОneID овозможува онлајн идентификација на корисници преку мобилен телефон со високо ниво на доверливост.

Оваа прва македонска услуга од ваков вид ја претставува долго очекуваната револуција во начинот на кој граѓаните им пристапуваат на различните даватели на дигитални услуги при користењето нивни сервиси во секојдневниот живот. OneID e брза, зелена, безбедна и исклучително лесна алатка за користење, која значително го подобрува целокупното корисничко искуство. Постојаното носење различни документи за идентификација и помнењето лозинки полека стануваат дел од минатото. Со ОneID, мобилниот телефон се претвора во носител на идентитетот, преку кој корисникот може да ја добие посакуваната услуга во кое било време и на кое било место. OneID овозможува брза и лесна примена, без оглед на тоа дали станува збор за авторизирање банкарски сметки, осигурителни услуги или онлајн трансакции. ОneID овозможува брзо креирање договори, изјави и барања потпишани со валиден дигитален потпис, без потреба од печатење, скенирање или друга долга и здодевна електронска кореспонденција. Со користењето на безбедната дигитална идентификација, граѓаните полека се збогуваат од долгите редици и хартиената документација, како и од долгите процеси на проверка на идентитетот со физички документ за лична идентификација. Докажувањето на идентитетот никогаш не било полесно, бидејќи со помош на OneID се избегнуваат физички посети на шалтерите. Со помош на оваа напредна дигитална услуга, сите обврски може да бидат завршени лесно и едноставно, без воопшто корисникот да го напушта својот дом. Освен овие придобивки, OneID гарантира највисоко ниво на заштита на личните податоци. Преку силна двофакторска автентикација при најавата и задолжителна согласност од носителот на идентитетот при неговото предавање, личните податоци на корисниците се целосно и цврсто заштитени во согласност со македонската и европската регулатива за заштита на личните податоци.

Со ОneID, граѓаните веќе може да уживаат во едно поинакво дигитално искуство што им го менува секојдневјето и им го заштедува времето. Светот без шалтери и чекање во долги редици веќе е можен, а интеракцијата на граѓаните со бизнисите и институциите ќе биде целосно трансформирана. Повеќе информации за услугата се достапни на: https://www.oneid.mk/.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Лесја Украинка: Москва се обидува да го наруши и дискредитира Самитот за мир во Швајцарија

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“