19 Мај, 2024
0.0284

Онишченко планирал да отвори банка, но вели македонскиот пасош не е подобар од украинскиот

Објавено во: Македонија 25 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Kонтроверзниот украински бизнисмен Олександр Онишченко имал план да инвестира во банка и да се занимава со спорт. Контакти со политичари од Македонија немал.

„Политичари во Македонија не познавам. За да имате добар коњички тим, потребна е инвестиција барем од 2 или 3 милиони евра. Значи, затоа, не ми е јасно зошто би морал да му платам на некого? А македонскиот пасош, не е подобар од мојот украински или германски. Федерацијата ме побара и јас прифатив. Не знам зошто сега толку комплицираат. Коњите се мои, јас спонзорирам. Целиот овој скандал е поттикнат затоа што мислат дека ќе влезам јас во Македонија и ќе им го земам бизнисот со гас. Кажете им дека само со спорт се занимавам“, тврди Онишченко за Слободен печат.

Владата почна постапка за поништување на македонското државјанство кое тој го имал. Онишченко бил на црната листа на САД.

Во меѓувреме опозицијата не се откажува од одговорност на директорот на АНБ, Виктор Димовски откако негови оперативци не ги направиле потребните безбедносни проценки за украинскиот бизнисмен.  Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, поради овој случај нарушен е кредибилитетот на АНБ и на Димовски со што е загрозена размената на информации со партнерите.

Бизнисменот се наоѓа црната листа на САД од јануари 2021 година бидејќи е „член на руската мрежа за влијание врз американските претседателски избори што се одржаа претходната 2020 година“.

Американските власти тврдат дека Онишченко му предал „преработени аудиоснимки“ од наводните разговори меѓу поранешниот украински претседател Петро Порошенко и тогашниот потпретседател на САД, Џо Бајден, на Андриј Деркач, независен украински пратеник, за кој се тврди дека е прв човек на наводната мрежа на Кремљ.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт