05 Мај, 2024
0.0229

Опасна риба од Кина залутала во Охридско Езеро

Објавено во: Стил 27 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Охридската пастрмка е загрозена и и се заканува опасност од уништување, од кинеска риба која денеска беше уловена во Охридското Езеро.

Рибата до сега никогаш ја немалo во водите во регионот и во целиот Јадрански слив, а во охридските води беше уловена на три локации.

Од риболовното друштво Свети Апостол Петар велат дека останува енигма како овој вид на риба кој е карактеристичен за во Кина дошол до Охридското езеро.

„Многу е страшно што е уловена во време на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка во тој дел каде се движи и пастрмката. Не е донесен одовде и туку е можно да се врши некаков нелегален увоз на оплодена икра во Македонија“ – вели претседател на риболовно друштво, Радован Димитриески.

Димитриески предупредува дека покрај со алги и фитопланктон овој вид на риба се храни и со икра што е повеќе од опасно за најстарото езеро во Европа.

Инаку овој вид на риба до сега има направено големи штети во светски рамки. Карактеристична е по тоа што расте брзо, а цревата и се за 15 пати подолги од телото. Ја има во сива и бела боја.