ОПАСНОСТ ЗА ЗЕМЈАТА: Ќе удри ли астероид во некои делови?
Објавено во: Свет 09 Февруари, 2018
Американски астрономи откриле астероид широк од 15 до 40 метри, кој денеска ќе помине крај Земјата.
Проценките на истражувачите од американската астрономска програма „Каталина Скај Сурвеј“ велат дека астероидот ќе ја „промаши“ нашата планета за 69.700 километри, односно помалку од една петтина од растојанието од Земјата до Месечината.
Оваа дистанца важи за многу блиска за вселенски растојанија, но сепак астрономите ја сметаат за безбедна.
„Толку големи астероиди ретко се приближуваат до Земјата, можеби еднаш или два пати годишно“- вели Пол Чодас од НАСА.
Во 2013 година, астероид со слична големина влезе во земјината атмосфера и спектакуларно се распадна на небото над рускиот град Чељабинск.