06 Мај, 2024
0.0264

Опасноста демне! Скратениот државен буџет отвара пат за епидемија од ХИВ и СИДА! Здруженијата на протест!

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Денес е први декември светскиот ден за борба против  СИДА. Ова е последниот 1 декември, на кој Македонија добива поддршка од Глобалниот фонд за спроведување на интервенциите од Националната програма за ХИВ. Платформата за ХИВ напладне пет минути после 12 ќе организира протестен марш пред Министерството за здравство на којшто граѓанските организации и организациите од заедниците кои секојдневно нудат услуги за превенција и поддршказа ХИВ низ целата држава,  заедно со корисниците на овие програми ХИВ ќе маршираат за живот. Тие повторно повикуваат на одговорност за превземање на итни и приоритетни акции за спречување на епидемија во земјата.

“Маршот ќе започне пред Министерствотo за здравство, и ќе заврши на Плоштадот Македонија. Маршот ќе започне симболично во 12 и 5, затоа што одамна истече времето за навремени планирани акции за успешна транзиција помеѓу народната поддршка, и ни останаа точно 7 месеци за спроведување на активностите од Националниот транзиционен план за ХИВ,  којшто го усвои Министерството за здравство пред една година. Нитуедна од трите клучни акции од планот не е реализирана: Усвојување на Национална стратегија за ХИВ 2017-2021 година, алоцирање неопходен буџет за превенција и третман и тестирање на системот за финансирање на граѓанските организации преку програмата на Мнистерството за здравство” - вели Елизабета Божиновска, програмски раководител во Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Хера. 

Новиот буџет за ХИВ за 2017 година, велат здруженијата беше скратен за 59% од неопходните средства којшто беа предвидени за превенција и за третман во следната година, кога и престанува финансиската поддршка на Глобалниот фонд којшто инвестира во националните стратегии на земјата од 2004.  Ова предизвика бурни реакции кај организациите кои работат на оваа проблематика поради опасноста дека Македонија ризикува во земјава да се случи епидемија од ХИВ.

“Точно е дека буџетот за програмата за ХИВ за 2017 година којшто го усвои Парламентот на  17 октомври е скратен за 59% во однос на потребното ниво на финансирање од домашниот буџет, односно од потребните 65 на 27 милиони денари. Кратењето на буџетот се однесува за следната година, кога  и завршува меѓународната поддршказа ХИВ во земјата и кога се очекуваше да продолжи трендот на зголемување на финансирање од национиолниот буџет за да се надополни финансискиот јаз во Националната програма за ХИВ, по завршувањето на донаторската поддршка”- објаснува Елизабета Божиновска од асоцијацијата Хера.

Со скратениот буџет на удар вели ќе бидат теренските и стационарни сервиси за ХИВ за групите под најголемризик од ХИВ, кои функционираат во повеќе од 14 градови низ дражавата. Доколку се затворат овие програми најмалку 15.000 припадници на ранливи категории на граѓани и нивните семејства, ќе останат без основните животоспасувачки услуги за превенција од ХИВ и надвор од здравственниот систем.

“Тоа ќе доведе до пораст на нови случаи на ХИВ и смртни инфекции за ХИВ, за кои постојат докази дека може да се спречат, ако продолжи досегашното финансирање и средствата оптимално се распределат кон групите изложени на најголем ризикод ХИВ”- потенцира Божиновска. 

Изминатите два месеца вели здруженијата се обиделе да ги искористат сите механизми за да се направи корекција на проектираниот буџет, за кои велат имаат докази дека ќе биде катастрофален по здравјето и човековите права на граѓаните. Се обратиле до Националната комисија за ХИВ, Националниот координативен механизам за ХИВ, и високи претставници од Министерството за здравство и Парламентот за да ги споделат аргументите кои доаѓаат од студии и проценки во најголем дел направени од страна на Министерството за здравство и релеватни организации како Светската банка. Но велат не наишле на соработка.

“Бидејќи не наидовме на разбирање, организиравме протести и преку медиумите го актуелизиравме ова прашање и укажавме на сериозноста од последиците доколку не се коригира буџетот за следната година. За жал, покрај декларативни заложби за посветеност од страна на Министерството за здравство и пратениците од владеачкото мнозинство, усвојувањето на скратениот буџет само го покажа игнорантскиот однос кон прашањето за ХИВ кое е од висок јавно-здравствен интерес”- додава Божиновска.

Благодарение на дванаесет годишните инвестиции во програмите за ХИВ, според неа Македонија успеа да ја одржи контролата на ХИВ-инфекцијата и остана земја со ниска стапка за ХИВ. Токму затоа како што вели на овој ден јавно бараат решенија за проблемот за одржливоста на програмите.

Националниот координативен механизам, Платформата за ХИВ, ХЕРА и Заедно посилни организираат регионална конференција за ХИВ за земјите од Југоисточна Европа. Македонија на 1ви и 2ри декември е земја домаќин на регионалната конференција за ХИВ на која учествуваат 8 земји од Југоисточна Европа. На конференцијата учество ќе земат високи претставници од владите и претставници од граѓанскиот сектор од 8 земји од регионот (Србија, ЦрнаГора, Босна, Косово, Албанија, Романија и Бугарија).

“Ќе дефинираме заеднички приоритети и ургентни акции на национално и регионално ниво, за да се избегнат сценаријата за растечки број на нови ХИВ инфекции. Граѓанскиот сектор изминатите години е столбот на националниот одговор кон ХИВ и благодарание на директните услуги за ХИВ кои ги нудат и со кои се опфаќаат групите под особен ризик, Македонија успеа да ја одржи контролата на ХИВ-инфекцијата. Остануваме да бидеме конструктивни и проактивни во изнаоѓање на решенија во справувањето со ХИВ, на национално и регионално ниво”- додава Божиновска.

Платформата им пристапи и на политичките партии во предизборниот период и побара да дадат заложба за решевање на проблемот со одржливост на програмите за ХИВ. На 22 ноември,  вкупно 13 политички партии ја поддржаа Декларацијата за одржлив национален одговор кон ХИВ  и  јавно дадоа заложба да превземат приоритени акции за да обезбедат континуитет и одржливост на програмите за ХИВ наменети за групите под особен ризик од ХИВ. Со оваа декларација политичките партии, се обврзаа, преку пратениците од новиот парламентарен состав,  односно преку претставниците во извршната власт, по парламентарните  избори на 11 декември, да иницираат и поддржат обезбедување финансиски средства од националниот буџет со кои што ќе се осигура одржливоста на основите превентивни програми за превенција и поддршка, подготовка и усвојување на законски ефективни механизми со коишто ќе се обезбеди долгорочно и одржливо државно финансирање на програмите за социјално исклучените граѓани и групите под особен ризикод ХИВ. 

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје