Добивај вести на Viber
Министрите за енергетика на земјите членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) денеска на состанокот во Виена се договорија да го задржат постоечкото ниво на производство. Исто така беше изгласано досегашниот генералниот секретар Абдулах Ел-Бадри да остане на оваа функција уште една година.
Како што изјави министерот за енергетика на Саудиска Арабија Али ал-Наими, за време на министерскиот состанок на ОПЕК, ќе се задржи моменталното производство кое изнесува 30 милиони барели дневно.
Министрите, исто така, гласале Ел-Бадри уште една година да ја извршува функцијата генерален секретар, и покрај тоа што веќе одработи два мандата, бидејќи не можеле да му најдат замена.