30 Април, 2024
0.0260

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Објавено во: Мои пари 16 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Општините Свети Николе и Ново Село стануваат дел од „Крени глас против врсничко насилство“. Во рамки на кампањата, во основните училишта под нивна надлежност ќе се одржат работилници за булинг овозможени од „Макпетрол“, а кои што ги предводи психолог со опсежно искуство со проблемот. Компанијата и двете општини потпишаа меморандуми за соработка. За учениците, како и за наставниците, стручните служби, но и за родителите, ќе биде испечатен и доставен и едукативен материјал.

На општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ досега се приклучија 23 општини. Покрај Свети Николе и Ново Село, од почетокот на 2024 дел од „Крени глас против врсничко насилство“ станаа и Струга, Кавадарци, Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево. До крајот на минатата година, пак, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

За сите 23 општини што досега се приклучија на општествено одговорната кампања „Макпетрол“ овозможи работилници и едукативни материјали. Образовните средби, наменети за учениците, но и за стручните служби, веќе се комплетирани во дел од општините. Во останатите или моментно се во тек или ќе бидат завршени во периодот што следува. Работилниците обезбедуваат подетално запознавање со физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството како форми на булинг, но и начините како со нив учениците да се справуваат. Психолозите и педагозите, како и наставниците, овие знаења потоа можат да ги применат во редовната настава.

Во рамки на општествено одговорната кампања, „Макпетрол“ го овозможи создавањето на интернет-страницата kreniglas.mk. Овој вебсајт функционира како платформа на која што се достапни голем број информации за врсничкото насилство. Неговата примарна цел е едукација на сите страни што на некој начин се засегнати од булингот. Исто толку значајно е што интернет-страницата обезбедува можност и за анонимно споделување лични искуства поврзани со овој сериозен проблем.

„Макпетрол“ реализира еден од своите стратешки приоритети со кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, а тоа е општествената одговорност. Булингот е појава што може да остави долготрајни последици и кај децата и кај младите, односно да влијае врз нивниот понатамошен развој. Креирајќи ја оваа кампања, „Макпетрол“ гради платформа за поддршка и во иднина ќе работи на создавање можности преку кои младите генерации ќе можат да ги исполнат своите потенцијали.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024