27 Април, 2024
0.0271

Општина Битола ја усвои програмата за изработување урбанистички планови во 2013 година

Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Советот на општина Битола ја усвои Годишната програмата за изработка на урбанистички планови со која се опфатени  генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за село, урбанистички план вон населено место, како и урбанистичко планска документација за туристичка развојна зона и автокамп. Изработката на генерален урбанистички план за градот е планирана на опфат од 2.500 хектари, како и неколку парцијални промени во рамките на  Генералниот урбанистички план. - Во текот на годината ќе бидат завршени почнатите урбанистички планови во урбаниот дел на градот, а исто така ќе бидат изработени урбанистички планови за селата Брусник, Ниже Поле, Буково, Крклино, Поешево, Маловишта, Карамани, Трн и Ореово. Со програмата предвидени се локални урбанистички плански документации за стопански комплекс во катастарската област „Ореј“ кај селото Дихово, објект со намена за лесна незагадувачка индустрија во Нижо Поле, фотоволтаични централи со капацитет од 1 мегават во селото Егри и други барања на граѓаните, информираат од општина Битола. Во Програмата за изработка на урбанистички планови за 2013 година овозможена е изработка на планска документација за туристичко развојни зони и автокампови, елаборати за стратешка оценка на влијанието врз животната средина, изработка на заштитно конзерваторски основи и на ажурирани геодетски подлоги. Финансирањето на урбанистички планови од Програмата ќе се врши од буџетот на општината и инвеститори, како и од национални институции надлежни за оваа област и согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање.

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“