17 Мај, 2024
0.0295

Општина Центар со две пресуди треба да врати 1,5 милиони евра

Објавено во: Македонија 12 Април, 2022

Добивај вести на Viber

Општина Центар го откажала спроведувањето на проектот „Паметна општина“ поради страв од испразнета каса, затоа што добила две судски решенија за враќање на 1,5 милиони евра. 

Општината на почетокот од годината пријавила дека се соочува со непредвидена промена на годишниот буџет па поради тоа се откажува од Интегрираниот систем за паметно осветлување, паркирање и административна дигитализација.

„Се работи за два предмети. Во однос на доверителите, во едниот предмет е градежна компанија, а во вториот се работи за физичко лице. Средствата сѐ уште не се исплатени од страна на општината. За двата предмети во процедура е подготовката на жалбите до надлежните органи“, гласи одговорот кој го добивме од Општина Центар, без при тоа да ги именуваат субјектите против кои засега го губат спорот.

Двете пресуди Општината ги добила на 09.11.2021 година и 30.11.2021 кои доспеваат за плаќање во следниот временски период. Со првата пресуда Општината била задолжена да исплати паричен износ од 72.238.172 денари со вклучена камата сметано од 2016 година. Оваа пресуда произлегла од повторена по ревизија претходно правосилно завршена постапка, по која во 2018 година врз основа на налог на извршување од овластен извршител присилно бил наплатен износ од над 90.000.000,00 денари од сметката на Општина Центар како должник,

Пред три години тогашниот градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, соопшти дека општината ќе си врати назад над 94 милиони денари од фирмата “Пелагонија“ од Гостивар. Поради суштествени повреди на постапката и погрешна примена на материјалното право, по поднесената жалба од Општина Центар на пресудата на Апелациониот Суд од 11.5.2018-та година, Врховниот Суд одлучи постапката помеѓу општината и претпријатието “Пелагонија“, која беше отворена поради стопирање на изградбата на катната гаража кај НИП Нова Македонија, да биде вратена на почеток.

Со другата пресуда проследена на ден 30.11.2021 година, Општина Центар била задолжена да исплати паричен износ од 27.827.898 денари со камата со правен основ надомест на штета. Општината не сака да го именува физичкото лице.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ВМРО-ДПМНЕ има 61 пратеник

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Идниот премиер на Северна Македонија ја следи линијата на Силјановска Давкова

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ТОШКОВСКИ: Mакедонската јавност во наредниот период ќе види многу интересни случаи

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

ЏАФЕРИ: Има обиди за изборен инжинеринг

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

МИЦКОСКИ ДО ГРЦИЈА: Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле договорот тогаш постои Меѓународен суд за правда

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

MИЦКОСКИ: Покрај 58 пратеници на коалицијата, имаме консолидирано точно 61 пратеник

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

ДИМОВСКИ РАСПАЛИ ЗА ЕУ И МИЦОТАКИС: ЕУ бара од нас да веруваме во нејзината посветеност за брзо пристапување на регионот во ЕУ?Чудно, нели?

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

УТРОВО ПОСТАР АДВОКАТ ПОЧИНАЛ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД - Митровски: Ова е стресна професија која секојдневно зема данок

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер

ЈОВАНА МОЈСОСКА ОД ЛЕВИЦА СО ПОРАКА ЗА ТАРАВАРИ: Ако ги слуша барањата на ЕУ, ќе бара и укинување на Рамковниот балансер