19 Мај, 2024
0.0242

ОПШТИНА ШТИП ЌЕ БАРА ДА ПОЗАЈМИ ЧЕТИРИ МИЛИОНИ ЕВРА - КХВ ја одобри првата општинска обврзница

Објавено во: Финансии 18 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Прва општинска обврзница ќе биде издадена на македонскиот пазар на хартии од вредност. 

Општина лидер во овој начин на задолжување ќе биде општината Штип која преку општински обврзници се испроба да обезбеди четири милиони евра, а парите ќе бидат вратени после следните седум години.

За оваа информација извести Комисијата за хартии од вредност. 

Општината на младиот градоначалник Иван Јорданов ќе издаде 8.000 општински обврзници. 

„Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 167-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое на Општина Штип и даде одобрение за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда. Ова е прва емисија на општински обврзници на домашниот пазар на капитал, со која се збогатува понудата на финансиски инструменти кај нас“, се вели во соопштението од КХВ.

Општина Штип ќе издаде 8.000 општински обврзници со поединечна номинална вредност од 500 евра и вкупна номинална вредност од 4.000.000 евра. Рокот на доспевање на издадените обврзници е седум години од денот на регистрирање на обврзниците во Централниот депозитар. Општинските обврзници се со фиксна годишна каматна стапка во износ од 4,75 отсто.  Главницата ќе се исплати во целосен износ заедно со последната камата, односно по истекот на седум години од датумот на регистрирањето на обврзниците.

„При запишувањето и распределбата на обврзниците, издавачот се определи да го применува моделот на фиксна цена со давање приоритет на налози со помала количина и порано време на внес на налог“, објаснуваат од КХВ.

Купувачи можат да бидат домашни и странски физички и правни лица, а сите информации поврзани со издавачот и со општинските обврзници ќе бидат содржани во Проспектот кој што јавно ќе биде објавен од страна на Општина Штип.

Понудата се смета за успешна доколку се запишат и уплатат најмалку 60 отсто од понудените обврзници.

Емисијата се врши заради прибирање на средства за финансирање на повеќе инфраструктурни и капитални проекти на општината.

„КХВ ја одобри оваа емисија, откако општина Штип доби согласност од  Министерството за финансии за нејзино задолжување и ги исполни законски утврдените услови за издавање на општински обврзници. Постапката на запишување и уплата на понудените општински обврзници ќе започне откако во сила ќе влезе Одлуката на Владата на Република Северна Македонија, со која се одобрува максималниот износ на новото задолжување на издавачот“, се вели во соопштението од КХВ.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оваа работа може да ви донесе и до 15 000 евра по сезона: Си работите 10 минути покрај море, а покрај тоа капнува и бакшиш!

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

Оние жолти мали центи кои ви се моткаат низ паричник можеби вредат многу повеќе: На една вредноста и е 2500 евра-еве ја листата

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

БАНКАРСКА ЕКСКЛУЗИВА: СЛОВЕНЕЧКАТА НЛБ ПЛАНИРА ДА ЈА ПРЕЗЕМЕ АВСТРИСКАТА АДИКО БАНКА - таа е моќна во регионот, еве што би добиле Словенците

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

„МРТВА ТРКА“ МЕЃУ ЕДНА БАНКА И ЕДЕН ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ГИГАНТ - кој колку „тежи“ на домашната бизнис сцена

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

ВРЕДАТ НЕВЕРОЈАТНИ 43 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ПРОДАВААТ 35 ВИДОВИ БОНБОНИ: Ја создадоа Нутела, а никој никогаш не ги видел нивните погони

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

НАД ПЕТ МИЛИОНИ ЕВРА НЕ ЧИНЕЛО ЛЕКУВАЊЕТО ВО СТРАНСТВО – еве каде најчесто се упатуваат пациентите за кои нема лек дома

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

СКАПИ ВИ СЕ ТАКСИ УСЛУГИТЕ? Еве колку плаќаме кај нас а колку во светот

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат

НАД 900 МИЛИОНИ ЕВРА СВРТЕНИ ВО НЕДВИЖНИНИ - најмногу се купувале станови, но ни куќите не заостануваат