27 Април, 2024
0.0262

Општина Вевчани доби грант од владата од 1.220.000 денари

Објавено во: Мои пари 28 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран од Светска банка, министерството за финансии и додели грант од 1.220.000 денари на општина Вевчани за изградба на пристапен пат до новоизграденото училиште “Страшо Пинџур”. Со изградбата на пристапниот пат до објектот, тој ќе се поврзе со асфалтниот пат во општината, што ќе овозможи од септември годинава да се пушти во употреба новото училиште во кое ќе учат 250 ученици од прво до деветто одделение. Инаку од 2006 година до сега, наставата се одвиваше во општинската зграда во Вевчани, каде просторот не ги задоволуваше критериумите за водење настава. Пред 2006 година наставата во Вевчани се одвиваше во училиште изградено уште во 1945 година, кое поради дотраеност и статички проблеми итно мораше да се напушти, бидејќи претставуваше опасност за безбедноста на учесниците во наставата. Вкупниот фонд на Проектот за подобрување на општински услуги изнесува 56,1 милиони евра. Тој започна со имплементација во август 2009 година, а ќе трае до ноември 2017 година. Досега 41 општина изразија интерес за учество во проектот, од кои 28 имаат склучено по еден или повеќе договори за под-заем со Министерството за финансии и имаат започнато со имплементација на своите проекти, додека останатите 13 општини се во постапка на подготовка на проектна документација.  

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“