19 Мај, 2024
0.3330

Орце Георгиевски по уривањето на потпорниот ѕид: Тие што го изведувале треба да одговараат

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Георгиевски, во вестите на Сител рече дека изведувачите на потпорниот ѕид, кој денеска попушти пред свлечиште на булеварот Борис Трајковски, треба да понесат одговорност, бидејќи покрај материјалната штета, можело да има и човечки жртви.

„Наше е да го обезбедиме овој потег, беше и МВР на увид и направија записник., Известени се сограѓаните од горниот дел на булеварот да ги преместат возилата. До вечер ќе се обезбеди целиот овој потег  и да се внимава кога се вози од Драчево кон Центар.

Ќе се изготви проект за санација и ќе се направи ревизија како е граден потпорниот ѕид. Ќе се испита целата состојба со оваа градба, но сведоци сме дека многупати се случувале и трагедии и ќе ги испитаме сите потпорни ѕидови на територијата на општината. Тие што ги изведувале овие активности, треба да одговараат, бидејќи народот плаќа а можело да има и жртви. Ние посериозно ќе се позанимаваме со ова прашање“, рече Георгиевски.

На булеварот ,,Борис Трајковски” во населбата Пинтија, поради силното невреме кое го зафати овој дел на општината, падна голем потпорен ѕид кој е под надлежност на градот Скопје.

„Во наредните денови, сето ова ќе биде вратено не во првобитната состојба, туку во уште подобрена за да не ни се случуваат повеќе вакви работи и да го нарушуваат мирот, но и безбедноста на граѓаните.

Исто така, ги повикувам органите на правдата детално да го испитаат начинот на кој се градени потпорните ѕидови“ напиша претходно градоначалникот на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична