02 Мај, 2024
0.0294

Орце Ѓорѓиевски: СДСМ насилно го турка законот за двојазичност

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Орце Ѓорѓиевски од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција го нападна Законот за употреба на јазиците како неуставен за што даде и подетално објаснување зад кое стои опозициската партија и ја обвини СДСМ дека насилно го турка законот кој ќе донесе двојазичност на целата територија на Република Македонија.

„Првенствено Членот 6 од законот вели дека институциите како што се: Собрание на Република Македонија, Претседател на Република Македонија, Влада на Република Македонија, судство, јавно обвинителство, Уставен суд на Република Македонија, Народен правобранител на Република Македонија, институциите во изборниот процес, образованието, науката, здравството, културата, при примената на полициските овластувања, во радиодифузната дејност, нотаријатот, извршувањето, инфраструктурните објекти, матичната евиденција, личните документи, финансиите, економијата, како и институции други области се обврзани по службена должност да обезбедат употребата, комуникацијата, но и постапките да се одвиваат на јазикот кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија и неговото писмо доколку лицето, односно учесникот зборува јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Македонија.

Овој член е во спротивност со ставовите 2,4 и 5 на Амандман 5 од Уставот на Република Македонија. Таму е дадена можност кој било граѓанин што живее во општина во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат јазик различен од македонскиот во комуникацијата да го употребат својот јазик. Институциите им одговараат на македонски и на јазикот кој го употребува граѓанинот. Наместо тоа во предлогот на СДСМ чл.6 предвидува институциите да обезбедат задолжителна употреба само на еден јазик, во случајов албанскиот. Со тоа директно се дискриминираат помалите заедници во Република Македонија.

Членот 22 од законот за двојазичност кој пропишува глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на органите кои нема да ги почитуваат одредбите од овој закон. Додека глоба во висина од 30% од одмерената глоба ќе му се изрече и на службеното лице.

Овој член не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е за унапредување на правата на заедниците. Но тоа мора да биде исклучиво во согласност со Уставот и законите на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ бара и инсистира во Законот за употреба на јазици да се прошири употребата на  помалите етнички заедници во Република Македонија, односно Турците, Бошњаците, Србите, Ромите, Власите и останатите.

Интегрирано општество, просперитетно со еднакви можности за сите ќе имаме само ако го следиме Уставот и законите и ако се почитуваме еден со друг. ВМРО-ДПМНЕ се залага и се бори за тие вредности“ истакна Ѓорѓиевски.

Се очекува ВМРО-ДПМНЕ да поднесе голем број на амандмани во Собранието, со цел усогласување на законот со Уставот на државата, но засега нема информации дали преку оваа тактика ќе се направи обид за целосно блокирање на процедурата во амандманска расправа.

Можеби ќе ве интересира

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

„ЗАБРАНА ЗА ПРИСТАП ЗА РАБОТНИЦИ БЕЗ ДОГОВОР ЗА РАБОТА“: Младеновска за мерките кои ги изрече ДСЗИ за Токсикологија

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

АНГЕЛОВ: ЗНАЧИ МИНИСТЕРКЕ ПЕТРОВСКА, ВОЈНАТА ВО 2001 ЈА ПОЧНАА АХМЕТИ И УЧК: Ние, бранителите не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

ВЕЛИГДЕНСКА ГЕНЕРАЛКА: Се чистат храмовите

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

Али Ахмети прогласен за почесен граѓанин на Тирана

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ПОЧИНА ТАТКОТО НА ТОШЕ: Ќерката Дора ја објави тажната вест

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

ЈСП ЗА ПРАЗНИЦИТЕ ЌЕ ВОЗИ ПРАЗНИЧНО - исклучок се неколку линии, еве кога ќе работи жичницата на Водно

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

Спасовски: Апсолутно сум против скандирањето „УЧК“ на скопскиот плоштад

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично