26 Април, 2024
0.0279

Ордановски за бугарска Нова Тв: Настаните во Македонија - професионално направена операција

Објавено во: Македонија 30 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Немирите во Македонија се професионално изградена операција, вели Сашо Ордановски, македонски политиколог и новинар за бугарската Нова Тв. 

Според него инвазијата во парламентот во четвртокот е резултат на пумпање на напон што ескалира и доведе до крвава пресметка. 

Ордановски смета дека, и покрај тоа што се случило, нема предуслови за појава на граѓанска војна.

„И поддржувачите на ВМРО ДПМНЕ, како и големото мнозинство од граѓаните се згрозени од она што се случило. Во Македонија нема поддршка за такви работи. Идејата на оние кои влегоа во Парламентот, беше да излезат граѓаните од другата страна, но тоа не се случи. За последните 27 години Македонија, како и Бугарија, сме поминале низ секакви ситуации, сè сме виделе. Видовме и многу потешки кризи. Граѓаните не сакаат такви работи“ - рече Ордановски.

ВМРО - ДПМНЕ треба да смири страстите и да ги контролира своите луѓе, своите насилници. Ова покажува уште еднаш дека такви сценарио не можат да поминат, истакна новинарот.

Битката за тоа дали на власт ќе биде Груевски или Заев е многу повеќе геополитичка битка отколку внатрешнополитичка, според новинарот Георги Коритаров.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот