02 Мај, 2024
0.0289

ОРИГАНО БИЗНИС: сеидба почнува, пласман е гарантиран во САД, а ќар од хектар 3000 евра!

Објавено во: Агробизнис 20 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Кон крајот на овој месец ќе почне сеидбата на оригано, за прв пат на македонско тло. Ориганото ќе се засади на површина од 20 хектари во неколку области од земјава, и тоа во Гевгелија, Богданци, Каринци, Градско, Куманово, Скопје и Неготино. На терен веќе во полн ек се подготовките за есенската седиба на оваа билка. Од земјоделската задруга Тока, кои ја покренаа иницијативата за садењето на ориганото кое на пазарот урива рекорди во однос на цената, велат дека заедно со првите кооперанти ги имаат направено договорите, а подготвен е и расадот.

-Расадот е подготвен, потпишани се првите договори со кооперантите, значи се е подготвено, а во следниот период ни останува да го шириме кругот. Од првата берба која се очекува да биде околу 15-ти јуни следната година, очекуваме принос од околу 30 тона суво оригано. Количините ќе бидат наменети за пласман во Њу Џерси, САД. Откупеното оригано од кооперантите во нашата сушара ќе се досушува. Сушарата работи со алтернативна енергија односно на сончеви колектори и се конфекционира во согласност со побарувачките на последниот купец во различна амбалажа и грамажа, изјави за Фактор Кујтим Хаџи- Хамза, директор на земјоделската задруга “Тока”.

Земјоделска задруга “Тока”, во Турција, веќе неколку години произведуваат оригано. Бизнисот е разработен, а пласманот е на странските пазар. Во Турција имаат 2.540 кооперанти.

-Идејата за производство на оригано започна пред 24 години во Турција. Таму на почетокот ние овој вид на оригано (ориганум онитес) го собиравме по планините во Турција. Потоа поради големата побару вачка на светскиот пазар, одлучивме да почнеме со негово култивирање. Почнавме со 40 хектари, за шест години успеавме да засадиме 6.000 хекатри со 2.540 кооперанти. Годишно нашата фирма извезува  1.800 тони сува материја, а целокупното производство оди за Америка и Европа, објаснува Хаџи- Хамза.

Откако се раширил бизнисот во Турција, агрономот по вокација Хаџи-Хамза, одлучи  производството на оригано да го прошири и во родната земја. На македонска почва пред четири години напаравил неколку  испитувања за производство на ориганото во различни региони во земјава. Сите испитувања се покажале како успешни.

Профит од 3000 евра по хектар

Тоа што ја прави оваа билка атрактивна е фактот што успева на  ниви со послаб квалитет и на секоја надморска височна. Доволно е почвата да е богата со калциум за да се одржува влагата. Отпорна е на болести, не бара заштитни средства и ѓубрива, нема потреба од системи за наводнување.Ориганото е медитеранска билка, но македонските климатски услови совршено и одговараат.

-Ние предлагаме да се почне со 80.000 садници. Ориганото се сади рачно на мали површини, и машински на поголеми површини. Помеѓу две садници треба да има растојание 25 санитиметри, а меѓу два реда 40 сантиметри. Садникот чини 1,25 денари и ние го произведуваме, вели Хаџи- Хамза.

Вкупната инвестиција за еден хектар со оригано, за 80.000 садници  изнесува 2.000 евра. Од нив 1.500 евра се садници, а 500 евра за садење и копање. Парите се враќаат уште првата година, а носи приход од 3.000 евра од хектар. Од втората па до седмата година годишните трошоци се најмногу  500 евра за копање, одржување, па чистата заработка е 2.500 од хектар.Откупната цена е едно евро за еден килограм.

Ориганото е ароматично, лековито и зачинско растение. А токму поради широкиот спектар на употреба, ориганото последниве години на светските пазари доживеа вистинска експанзија.  Побарувачката е голема, затоа и има загарантиран пласман за неограничени количини.

Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?