Османи: ЕУ мора да покаже подготвеност да ја прифати Македонија
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2017
Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, ја повика Европската унија и земјите-членки да преземат конкретни мерки за зајакнување на “европскиот оптимизам“во земјата и верба во изгледите за европска интеграција.
„По се што направи новата македонска влада, ЕУ треба да преземе конкретни чекори за да ја демонстрира својата подготвеност да ја прифати Македонија во своите редови“, рече Османи на прес-конференција.
Според зборовите на Османи, долгата блокада на Македонија на патот кон европската интеграција беше поттикната од длабоката институционална криза во земјата. З
атоа тој смета дека новата влада и секретаријатот за европски прашања ќе ги засилат напорите за враќање на Македонија во процесот на пристапување во ЕУ.
„Нашата главна задача во првите сто дена од новата влада е да ја отстраниме оваа блокада и да продолжиме со спроведувањето на програмата за интеграција во ЕУ за Македонија“, рече Османи.