27 Април, 2024
0.0312

ОСМАНИ НЕ ЈА ПОКАНИ ВАНКОВСКА, НО ЗАТОА ПЕНДАРОВСКИ ЈА ПОВИКА НА ИФТАРСКА ВЕЧЕРА: „За жал, ќе морам да одбијам, не ни прилега да им се додворуваме на граѓаните со организирање средби од ваков вид“

Објавено во: Македонија 22 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Откако Бујар Османи не ја покани Билјана Ванковска на ифтарска вечера, овој пат тоа го стори актуелниот претседател, Стево Пендаровски.

Но, кандидатката за претседател на „Левица“, вели ќе морала да одбие.

Тукушто добив покана за Ифтарска вечера, сега од претседателот Стево Пендаровски.

Мојот одговор до Кабинетот го пренесувам интегрално во продолжение.

Почитувани:

Благодарам за поканата на Ифратска вечера упатена од претседателот Стево Пендаровски, која за жал ќе морам да ја одбијам. Имено, моето разбирање на демократската политика е во духот на секуларноста, на која впорчем не' обврзува и Уставот. Државата и верските заедници се одвоени едни од други, а нам како претенденти за највисоката позиција во државата не ни прилега ниту во кампања, ниту вон кампања, да им се додворуваме на граѓаните со организирање средби од ваков вид.

Посакувајќи им на сите верници од муслиманска вероисповест лесни рамазански пости и среќни празници, сепак ќе укажам и на нужноста од заедничко изразување солидарност и емпатија за два милиони луѓе во Палестина кои намерно се изгладнуваат, а не постат, иако го почитуваат својот верски кодекс. Во најмала рака можеме да упатиме апел за итен прекин на огнот и доставување хуманитарна помош со овие луѓе, и особено децата, кои гладуваат во степен пострашен од оној во Дарфур или Сомалија.

Дозволете однапред да укажам дека мојот одговор ќе биде идентичен и за евентуална (како што разбрав, веќе медиумски најавена) покана за средба од ваков вид по повод велигденските празници.

Верувам дека средствата наменети за овие средби можат да бидат пренаменети за поблагородни цели. Ние, како претседателски кандидати, можеме да испиеме заедничко кафе во кое било кафуле во Скопје или на друго место без да создаваме трошоци и испраќаме несоодветни политички пораки до граѓаните“ одговорила таа на поканата на претседателот Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир