17 Мај, 2024
0.2915

Османи: Првите економски дипломати ќе бидат испратени во 2021, откако ќе завршат курс

Објавено во: Економија 12 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Првите економски промотори-дипломати ќе бидат испратени во странство во 2021, рече денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, презентирајќи го концептот за кој Владата наложи за кратко време да се формира експертска меѓуресорска работна група.

Оваа група треба да одреди кои земји ќе бидат таргетирани за економските советници и кои ќе бидат економските дипломати што ќе ја извршуваат таа задача според нивните квалификации. Османи објасни дека ова нема да бидат амбасадори, туку ќе бидат испратени во рамки на дипломатско-конзуларните претставништва.

- Станува збор за концепт врз основа на сите претходни искуства и компаративна анализа со земјите со кои имаме слични приоритет во економијата. Тоа ќе бидат претставници експерти, но и луѓе од бизнис секторот. Приоритет во изборот ќе имаат дипломатите кои имаат искуство во економската дипломатија и тие ќе бидат испратени во економско-конзуларните претставништва, а ќе се бараат такви кадри и во другите министерствата. Треба да се напомене дека тие ќе бидат испратени откако ќе поминат курс организиран од МНР. Ќе има луше и од јавниот и од бизнис секторот, рече Османи.

Според шефот на македонската диопломатија, економските промотори во делокругот на својата работа ќе имаат задачи да направат контакт со бизнисите во странство, да ја ослеснат трговија, да потпишуваат договори и да работат на подготвување на инфраструктура.

Владата на почетокот од неделава го задолжи Министерството за надворешни работи да ја формира меѓуресорската груша со консултации со Канцеларијата на премиерот, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Министерството за надворешни работи, Министерството за економија, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за животна средина, Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Агенција за промоција и поддршка на туризмот и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони.

Можеби ќе ве интересира

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП