26 Април, 2024
0.0295

Османи со посета на Грција го засилува дипломатското темпо

Објавено во: Македонија 08 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за европски интеграции Бујар Османи ќе ја посети Грција и ќе оствари средби со повеќе политичари од државниот врв на јужниот сосед како дел од продолжување на дипломатското темпо за доближување на двете земји.

– Министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, во вторник на 9 јануари ќе му приреди работен ручек на вицепремиерот на Поранешната југословенска Република Македонија, одговорен за односите со ЕУ, Бујар Османи, по повод неговата посета. Разговорите ќе се фокусираат на европски прашања од заеднички интерес. Господинот Османи, исто така, ќе се сретне со алтернативниот министер за надворешни работи, Јоргос Катругалос, соопштуваат од грчкото МНР.

Во оваа, како што грчките медиуми ја нарекуваат „раздвиженост“ на релација Скопје – Атина, ги споменуваат и посетата на генералниот секретар на НАТО на Македонија, новата рунда разговори на Нимиц со преговарачите на двете земји и евентуалната средба на македонскиот и грчкиот премиер во Давос, на маргините на Светскиот економски форум.

Вицепремиерот Османи, пред помалку од 2 месеци, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, рече дека постои позитивен моментум во односите меѓу Скопје и Атина, 2018 е златна година за решение, останувањето пред вратите на НАТО и ЕУ ќе има трагични последици и за земјата и за регионот и носи опасност за зголемување на руското влијание, и дека прашањето за името е итен приоритет за владата.


Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

„АРТАН, ТЕРАПИЈАТА ТИ ЈА ПРЕПИШУВА Д-Р АРБЕН, ЌЕ ЈА ПРИМИШ НА 8 МАЈ“: Ганиу му се обрати на Груби

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

СЛАВЧО ПОПОСКИ ВЕЛИ ВИКЕНДОВ МОЖЕ ДА СЕ ПРАВИ СКАРА: Температурите ќе растат, во недела до 27 степени

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица

„СОНЦЕТО ИЗГРЕА И Е УБАВ ДЕН ЗА ТУЖЕЊЕ“: Адвокатот Јанаки ќе го тужи Горан Костовски од Левица