06 Мај, 2024
0.0281

Османи: Стратегијата ќе го затвори прашањето за европската ориентација на Западниот Балкан

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Денес, во просториите на Секретаријатот за европски прашања, Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, го одржа вториот координативен работен појадок со амбасадорите и нивните претставници, од земјите од Западен Балкан. Средбата се одржува во пресрет на излегувањето на Стратегијата на Европската Комисија, за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година.

„Стратегијата за проширување на ЕК претставува една од најважните инцијативи на Европската Комисија за овој регион , затоа што директно покажува дека Европската Унија го враќа фокусот на регионот, а процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан - повторно високо на агендата на Европската Унија.“, истакна Османи, додавајќи дека со овој документ, Комисијата го става процесот на проширување на цврсти шини, со прецизни рокови, нешто што претставува обврска и за самата Унија.

Вицепремиерот Османи изрази очекување дека покрај Црна Гора и Србија, за кои е најавено а и се очекува да бидат наведени во Стратегијата како земји кои во моментов го предводат евроинтегративниот процес во регионот, во Стратегија соодветно да бидат наведени и европските перспективи за Македонија и Албанија, кои би биле охрабрени, согласно успешното адресирање на обврските, набргу да ги почнат преговорите за членство, и со тоа, да се приклучат на истиот колосек за влез во Унијата до 2025 година. Османи додаде дека очекува соодветно место во Стратегијата и за Босна и Херцеговина и Косово, кои треба да добијат јасни пораки дека се добредојдени и дека нивното место е во Унијата, со што целиот регион ќе се стави на европски шини, и ќе се затворат дилемите за европската ориентацијата на земјите од Западниот Балкан. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува