19 Мај, 2024
0.0273

Османи: Украина ќе биде еден од главните приоритети при претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ

Објавено во: Македонија 02 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Украина ќе биде главен приоритет и клучно безбедносно прашање во претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, истакна во своето обраќање Бујар Османи, министерот за надворешни работи на Северна Македонија по повод преземањето на функцијата претседавач со ОБСЕ во 2023 година.

Северна Македонија оваа година ќе претседава со најголемата светска регионална безбедносна организација која опфаќа 57 држави учеснички од Северна Америка, Европа и Азија.

„Неодговорната и неиспровоцираната руска воена агресија против Украина ја поткопа европската безбедносна архитектура и се заканува на мирот и стабилноста на континентот и пошироко. Нашето претседавање, ќе настојува да ги одржи суштинските функции и операции на Организацијата, осигурувајќи дека е во можност да ги поддржи регионите опфатени со кризи и да се справи со конфликтите низ регионот на ОБСЕ. Регионалната нестабилност и потенцијалот за нови кризи бараат постојано внимание."- потенцираше Османи.

Во фокусот на македонското претседавање со ОБСЕ кое ќе се одвива под слоганот „За луѓето се работи“ ќе бидат интересите на луѓето и работата теренските мисии на Организацијата, најави новиот претседавач на ОБСЕ Османи.

„Како главен приоритет на нашето претседавање, планираме да го засилиме нашиот фокус на теренот, кој е од клучно значење за поддршка и дополнително зајакнување на статусот и улогата на луѓето – кои се крајни корисници на работата на ОБСЕ. Нашиот план е да подадеме рака на населението кое се соочува со конфликт, но и на другите кои имаат потреба од поддршка.“- истакна Османи.

Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ, исто така, ќе се фокусира на економската соработка, клучна за трајниот мир и просперитет на граѓаните, како и на поддршката на одржливиот економски раст и еколошката соработка која е од суштинска важност за човековата безбедност. Меѓу приоритетите ќе бидат и заштитата на човековите права, како и промовирањето на толеранцијата и недискриминацијата како предуслов за сеопфатна безбедност.

Северна Македонија ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година, а програмата на македонското претседавање ќе биде претставена од страна на министерот Османи пред Постојаниот совет во Виена на 12 јануари.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“