Османи вели дека наскоро ќе имаме премиер Албанец
Објавено во: Македонија 14 Март, 2023
Mинистерот за надворешни работи, Бујар Османи најави дека за неколку месеци ќе го добиеме првиот премиер Албанец.
Тој во Чаир кажа дека и претседателот на државата е консензуално избран кој како врховен командат ја предводи војската која има и албански печат и знаци.
„Денеска имаме Собрание што во последните шест години го водат Албанци. Всушност, имаме три парламенти во регионот кои сега се водат на албански јазик. Ја имаме Владата со која неколку месеци го чекаат првиот албански премиер, рече Османи.
Вели дека од 18 министри, 9 се Албанци.