30 Април, 2024
0.0279

ОСМОМАРТОВСКА ГРОЗНИЦА ГИ ТРЕСЕ РОДИТЕЛСКИТЕ ВАЈБЕР ГРУПИ: За подарок за наставничките се собираа и над 500 денари! „Не смееме да оставиме лош впечаток“

Објавено во: Финансии, Македонија 08 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Изминативе неколку години осмомартовска треска ги тресе родителските вајбер групи. Ако во минатото овој празник се прославуваше со еден цвет и честитка, денес доколку некое дете се појави со тој подарок, најверојатно ќе биде исмејувано.

Денес во соседните земји овие наивни подароци се заменети со телевизори и златен накит, а кај нас иако состојбата не излегла до тој степен од контрола, сепак се подаруваат ваучери од едни од најскапите продавници и тоа почнувајќи од 50 евра па нагоре.

Некаде се собирале по 150, некаде 300, а во некои училишта дури 500/600 денари, што за волја на вистината е сума која е навистина преголема, посебно за семејствата што имаат две или повеќе деца кои одат на училиште или во градинка. Во тој случај сумата веднаш се дуплира или тројно се зголемува.

Сега кога во училиштата има и целодневна настава или дневен престој, пари се собираат за две или повеќе наставнички, што дополнително го терети буџетот на семејствата па и на тој што треба да го купува подарокот, бидејќи сепак важно е како што велат, да остават убав впечаток и да дадат солиден подарок.

Има и такви кои давале кој колку може, но тоа е реткост, бидејќи никој не сака да се „посрамоти“ па ги даваат договорените пари. 

„Знаете како е на денешно време кога цените се двојно зголемени, а притисокот од средината во која живеете е огромен. Денес е срамота да немаш, срамота е да кажеш дека не можеш да си дозволиш... Во нашето одделение од 20 деца, се собираа по 300 денари. Се даваа пари за наставничката, за наставничката од дневниот престој, за наставничката по англиски, за наставничката од соседната училница со која неретко и нашите деца имаат настава... Само се надевам дека од наредната година таа сума нема да рипне, па да треба повеќе да даваме“, вели мајка на девојче кое оди во прво одделение.

Факт е дека овој празник се претвори во нешто сосема друго од тоа што овој ден навистина претставува. Сега веќе се реализира натпревар помеѓу одделенијата кое ќе даде поубав подарок, но и целосно се менува смислата на одбележувањето на овој ден.

Д.Т.

Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?