ОСОМНИЧЕН ЗА ПОТКУП НА ГЛАСАЧИ: Кај кандидат за советник најдени пари и списоци
Објавено во: Македонија 12 Октомври, 2017
Полицијата во Кочани повикала на разговор кандидат за советник на ВМРО-ДПМНЕ под сомнение за поткуп на гласачи.
Кандидатот за советник е повикан во станица. Кај него се пронајдени пари, списоци со гласачи и други материјали.
Случајот се работи во консултација и по налог на Јавно обвинителство.