26 Април, 2024
0.0280

Осум најчудни градови на светот

Објавено во: Стил 22 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Ако мислите дека местото каде живеете е чудно, мислењето ќе го смените кога ќе ги погледнете градовите од оваа листа. 

1. Супилин, Естонија 

Ако сакате едноставност, самотија и зеленчук, ова место е идеално за вас. Куќите се дрвени, необични, а улиците се именувани по различни врсти зеленчук. 

2. Асидент, САД

Сместен во Мериленд, овој град пред 5 години имал 325 луѓе. 

3. Елиста, Русија 

Го нарекуваат и шаховски град затоа што низ градот има објекти и архитектура која потсетува на шаховска табла. 

4. Тамес, Кина

Иако е во срцето на Кина, личи на класичен британски град. Има црвени говорници и архитектура како во Англија. 

5. Факинг, Австрија 

Жителите се обиделе да го сменат името на градот, но се видело дека тоа ги одвраќа туристите. 

6. Монови, САД

Ова е место каде има еден жител. Се работи за стара жена  сопственик на бар и книжарница која отвара кога ќе дојдат гости. 

7. Кубер Педи, Австралија 

Ова е град под земја на место на напуштени рудници. Тој е место за опуштање посебно на летните горештини. 

8. Мијаке - јима, Јапонија 

Градот е врз вулкан и на жителите државата им плаќа за да живеат во него. Многу од жителите се принудени 24 часа дневно да носат маски. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти