Осум приведени, но напаѓачот од новогодишната ноќ не е меѓу нив
Објавено во: Балкан 02 Јануари, 2017
Напаѓачот, кој пукаше во луѓето во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“ на Нова година и уби 39 лица, а 69 се повредени, не е меѓу осуммината приведени кои се осомничени за нападот, пренесе ДПА.
Локалните медиуми јавија претходно дека турската полиција задржала осум лица под сомнение дека се виновни за нападот, за што одоговорноста ја презеде ИД.
Напаѓачот успеал да избега веднаш по нападот. Турските медиуми објавија нејасни фотографии од мажот, по кој се трага.
Според информации од турските медиуми вооружениот напад можно е да е извршен од државјанин на Узбекистан или Киргистан.
Министерството за надворешни работи на Киргистан соопшти дека ги испитува овие информации.