17 Мај, 2024
0.0337

Oсвен роднини и пријатели, што друго од Македонија им недостига на нашинците кои се во странство?

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Голем е бројот на македонски граѓани кои живеат во Европа и светот, каде заминале во потрага по подобра работа и посигурна иднина.

Но, повеќето можат да набројат работи кои им недостигаат во новата средина, било да се тоа роднини, пријатели, дружење, слободата која овде ја имале и слично.  На сите им недостига побогат социјален живот.

Им фали да излегуваат, да се дружат повеќе. Таму сè е со термин, односно планираш да се видиш со некого кога ќе му одговара, додека кај нас има поголема слобода во смисла „Дома ли сте, јас ќе дојдам?“, или едноставно ѕвоните на врата, додека таму ако ѕвоните на врата не добивате одговор ако претходно не сте најавени дека ќе дојдете на гости. Луѓето одат за подобар живот, затоа што овде нема финансии, а кога ќе видите таму има сè, ама нема дружба, нема некоја златна средина, едноставно не знае човек што е подобро. Таму се научени секој да си плаќа за себе, а кај нас луѓето се расфрлаат со пари иако имаме голема сиромаштија. Јас живеев во Германија 7-8 месеци, но сега сум во Македонија, овде имам друштво. Има и таму, но не како овде, да се тука за вас цело време, а таму е работа – дома и на крај човек е мртов уморен. “, вели кумановка.

Сабина Латифовска скоро 6 години живее во Копенхаген, Данска и објаснува дека сепак има работи кои на нашинците им фалат во странство, затоа што се работи за народи со различен менталитет.

„Да, вистина е дека фали дружбата, социјализацијата, но тоа само на нас странците ни фали, затоа што Данците се дружат на поинаков начин. Тие излегуваат на вечери, одат на собиранки по куќи во села, а ние сме различни“, раскажува Латифовска.

Тихомир Давчев кој 8 години живее во Оман, вели дека иако земјата е убава, сепак му недостигаат многу работи од Македонија. Тука ги вбројува и македонските јадења.

Живеам во Оман, и иако е преубаво и сигурно место, на море и со преубави плажи, ми недостигаат многу работи од Македонија. Роднините и пријателите на прво место и прошетките низ населба со најблиските. Се разбира и вкусната храна како ајвар, сарми, пастрмајлии фалат многу, особено во зимските денови. Културниот живот исто така недостасува, бидејќи нема многу претстави, настапи и настани“, вели Давчев.

Последниот попис, покажа дека Македонци живеат во 170 држави во светот. Тие имаа опција електронски да се попишат. Македонци живеат низ цела Европа, ги има ширум Африка,  во Северна Кореја, на Малдивите, Фарските Острови, Микронезија, во Доминиканската Република и во други делови на светот. 

Според податоците на Евростат, над 100.000 македонски државјани живеат во Германија, а поголема македонска заедница има и во Швајцарија и Италија. Зад нив се Австрија и Словенија. Во Литванија, Латвија и Естонија живеат најмалку број македонски државјани. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

„НИТУ ЕДНА ВЛАДА НЕ МОЖЕ ДА ГО РАСКИНЕ ДОГОВОРОТ СО БЕХТЕЛ И ЕНКА“: Европскиот фронт прашува дали Вреди и ВМРО се договориле за ревизија на Коридорот 8

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

НЕЕКСПЛОДИРАНА ГРАНАТА ОДНЕСЕНА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА: надлежните апелираат во вакви ситуации граѓаните да пријават, не да ги поместуваат

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Познато зошто куќарките повторно се вратени на скопскиот плоштад

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

Гарапетритис: Експресно одговоривме на говорот на Силјановска Давкова

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив