Освоена пленарната сала на Собранието, полицијата дозволи целосен упад
Објавено во: Македонија 27 Април, 2017
Демонстрантите влегоа внатре и ја освоија пленарната сала на Собранието во која пред само десетина минути беше избран Талат Џафери за нов спикер. Полицијата воопшто и да не беше присутна. Специјалните полициски сили не реагираа и дозволија ПУЧ. Демонстрантите спроведуваат улична правда во Собранието. Пратениците на СДСМ најверојатно се евакуирани.