05 Мај, 2024
0.0567

Отец Ивица Тодоров против СОРОС - Се води духовна борба

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Во борбата против СОРОС во Македонија се вклучија и црковни лица, па така отец Ивица секако од свое име, но како припадник на свештенството на МПЦ, упати жестоки критики кон невладините организации кои се помогнати финансиски од фондацијата Отворено општество.

- Целта е морална и генетска мутација, да го забрзаат светскиот процес на ентропија, односно празнење на духовните, менталните, интелектуалните и личносните капацитети на конкретна личност, општество, нација, држава, човештвото. Тоа е процес на зомбирање, формирање на форми без суштина, личности без Богоцентричен светоглед, а со препознатлив нихилистичко огревовен светоглед. Таквите “личности” се себецентрични, односно дрски егоисти и себеугодници. Како такви стануваат “топовско месо” на своите идеолошки дилери кои ги дрогираат со умисленоста дека тие се “фактор”, дека се’ им е дозволено и дека не постои грев и одговорност!, пишува Отец Ивица на својот профил.

Отец Ивица Тодоров од МПЦ смета дека СОРОС имаи друга деструктивна програма.

- Последната програма на оваа програма на Сорос, се разбира во целата оваа режија има и други деструктивни програми, а тоа е формирање на човештво БЕЗ ЧОВЕК, односно човештво БЕЗ ИДЕНТИТЕТ, односно човештво без СТАВ, ВРЕДНОСТ и ВИСТИНА.

Свештеникот смета дека СОРОС води духовна војна.

- Сето ова се случува затоа што во секоја човечка душа, ум, срце и волја одамна се води започната духовна војна која има за цел да го истисне од секој човек се’ она што му е дарувано од Творецот, од Небесниот Отец, а и да го истисне и сето она што му овозможува на секој човек да биде остварен човек, односно Богослично битие, не Сатанослично губре. Читајте Свето Писмо, читајте ја Библијата, и искрено, храбро и логички размислувајте, па се’ ќе ви стане јасно, пишува тој.

Отец Ивица е претседател на граѓанската организација “Движење за духовна обнова на Македонија”, а претходно бил ангажиран во хуманитарната организација на МПЦ “Ѓаконија” за помош и исхрана на сиромашните. Сега води емисија на Сител за духовни прашања.


Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник