ОТИШОЛ ДА ПОДИГНЕ ПЕНЗИЈА И ДОЖИВЕАЛ ШОК: Вие сте мртви, нема исплата
Објавено во: Балкан 06 Февруари, 2018
Бранко Брадар од Војница во Хрватска доживеал шок откако отишол да земе пензија во пошта, по што му рекле дека сметката му е блокирана и дека тој се води како починат.
На почеток мислел дека е шега, и сите други пензионери се смееле на негова сметка, но на крајот сфатил дека работата е сериозна.
Сепак се работело за грешка која ја направиле институциите, со замена на идентитет за што по две недели следело исправка.
Човекот кажа дека пред два месеци починал негов сосед кој имал исто име и презиме.
За овој пропуст не се лути никому, но вели дека имал сериозни компликации затоа што преживува од скромната пензија.