05 Мај, 2024
0.0239

ОТКАКО ЦЕНИТЕ ВЕЌЕ СКОКНАА, ПРЕДЛОГОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ДДВ СТИГНА ВО СОБРАНИЕ - бараат храната да остане на нула, а струјата на пет отсто до крајот на годинава

Објавено во: Финансии 08 Јуни, 2022

Добивај вести на Viber

Во Собранието стигна предлогот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за ДДВ, со кои храната би била ослободена од данок на додадена вредност се до крајот на оваа година, додека, пак, струјата би се даночела со 5, наместо со 10 проценти, исто така до крајот на годинава. Пратениците на опозицијата бараат и да се воведе повластена стапка од пет отсто на ветеринарните услуги.

„Со предложените измени се предвидува ДДВ за производи од човечка исхрана да биде 0 отсто до 31 декември 2022 година, како и ДДВ за енергентите да биде 5 отсто наместо моменталните 10 отсто, исто така до крајот на годината. Доколку овие измени не ги прифати Собранието, цените на производите за човечка исхрана преку ноќ ќе пораснат за најмалку 5 отсто, а на горивата за над 7 проценти. Со оглед дека инфлацијата во април оваа година е 10,5 отсто, и ваквата стапка ја надминува годишната стапка на раст на просечната плата, значи дека стандардот на граѓаните не расте, туку и опаѓа“, се вели во предлог законот поднесен од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што е познато, ДДВ на храната беше нула отсто се до крајот на мај, по што стапката се врати на редовните пет проценти. До истиот датум беа ограничени и трговските маржи на трговците за одредени прехранбени производи. Но, откако на стартот на јуни овие две заштитни мерки престанаа да важат, цените на тие на производи отидоа нагоре, а од Владата се заканија дека ќе им пратат инспекции на оние маркети кои прават нереални профити, како и дека нивните имиња ќе бидат јавно објавени.

Инаку, предлог законот за измени на Законот за ДДВ од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ датира од јуни годинава, па затоа е малку нелогично што не е изработен и поднесен до Собранието малку порано, барем до средината на мај, со цел да може навреме да се процесуира и евентуално донесе, иако не беше за очекување ни дека власта ќе ги прифати овие законски измени од опозицијата.

Сепак, народните избраници од ВМРО-ДПМНЕ имаат наведено дека бараат овој закон да се донесе по скратена постапка.

Инаку, како што е познато, од Владата најавија дека ќе има нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но, како што потенцираа, тие ќе бидат таргетирани, односно ќе се однесуваат само на најранливите групи граѓани.

А во меѓувреме инфлацијата не престанува да урива рекорди. Според последните објавени податоци на Државниот завод за статистика, во мај годинава инфклацијата на годишно ниво достигна 11,9 отсто, што е највисока стапка досега, и е уште повисока од априлската од 10,5 отсто што пратениците ја наведуваат во своето образложение на предлог законските измени.

А, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои го поднеле законот, како плус аргумент зошто треба да се усвои, го наведуваат и фактот што, како што велат, владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ одбило усогласување на сите плати согласно колективните договори и посебните закони со новото ниво на минимална плата од 18 илјади денари.

„Граѓаните секојдневно се соочуваат со поскапени производи и зголемени трошоци на живот. Цените на горивата за краток временски период пораснаа за околу 70 отсто, електричната енергија за 30 проценти (со најава за дополнителни најмалку 10 отсто од први јули 2022 година), топлинската енергија (парно) за речиси 15 отсто, а основните намирници, масло, леб и млеко во просек се поскапени за 30-тина проценти. Поради горенаведените причини, а и извесниот понатамошен раст на трошоците на живот, очекуваме пратениците во Собранието да прифатат измени во Законот за данокот на додадена вредност“, се вели во образложението кое го поднеле пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, со постоечкото законско решение, од 1 јануари до 30 јуни 2023 година данокот на додадена вредност со повластена даночна стапка од 10 отсто ќе се применува врз прометот и увозот на електрична енергија за домаќинства.

„На 11 март 2022 година Собранието донесе измени и дополнувања на Законот за ДДВ, со кој се предвиде можност со која во услови на природни и други непогоди, на прогласена воена состојба, на утврдено постоење на вонредна или кризна состојба, кога настанале или би можеле да настанат сериозни нарушувања во снабдувањето на населението или во други области кои го загрозуваат животот и здравјето на луѓето, како и во услови на потреба за обезбедување на производи и суровини кои се од посебно стратешко значење, да се ослободи од ДДВ прометот на производи за човечка исхрана и да се применува повластена даночна стапка од 10 отсто врз промемтот и увозот на енергенти. Ваквата можност е доделена на Владата која на предлог на министерот за финансии треба да ги определи добрата и временскиот период за кој ќе се применуваат овие одредби. Со оглед дека Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка (10 отсто) донесена од страна на Владата на 12 март 2022 година има важност до 31 мај, се поднесува овој предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ДДВ“, се вели во образложението од опозициските народни избраници.

За овој предлог закон се вели дека ќе предизвика фискални импликации врз буџетот на државата.

„Со предложеното законско решение производите за човечка исхрана ќе бидат ослободени од ДДВ, а енергентите ќе подлежат на 5 отсто ДДВ до крајот на 2022 година. Дополнително, ветеринарните услуги ќе подлежат на повластена даночна стапка од 5 отсто. Со предвидените измени се очекува да се спречи дополнително зголемување на инфлацијата, а со тоа и финансискиот товар на граѓаните од порастот на цените поради економската и енергетската криза“, се вели во обрзложението за тоа какви ефекти се очекуваат о овие законски измени.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

„МИНАТА ГОДИНА БЕШЕ 15, А СЕГА 350 ЕВРА, ОВА Е СРАМ ЗА ХРВАТСКА“ Превирања во популарното туристичко место поради огромниот скок на цените

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ЛЕТОВО ОДИТЕ ВО ЦРНА ГОРА, БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ, ЌЕ ЛЕТААТ КАЗНИ ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Еве зошто властите одлучија да ги казнуваат туристите

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

АКО ВО СРБИЈА ВИ СЕ ОТВОРИ ШАНСА ДА РАБОТИТЕ НА ОВИЕ МЕСТА, ЌЕ ДОБИЕТЕ „МРСНА“ ПЛАТА: Некои професии се плаќаат и 300 илјади денари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

КОЛКУ ЗАРАБОТИЈА РУСКИТЕ ОЛИГАРСИ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ИНВАЗИЈАТА ВО УКРАИНА: сега има многу повеќе милјардери!

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот