13 Мај, 2024
0.0258

Откако пријателите му загинале при земјотрес, студент создаде уред за пронаоѓање жртви под урнатини

Објавено во: Свет 02 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Студенти во Индонезија создадоа уред за пронаоѓање жртви под урнатини. 

Тој е со големина на кредитна картичка, но ако по силен земјотрес останете под урнатините може да ви го спаси животот. Уредот користи високофренквентни сигнали за помош и пронаоѓање жртви по природна катастрофа – изум на тројца студенти од индонезискиот универзитет, пренесе „Ројтерс“.

„Деотерионс“ е алатка што емитува сигнал поврзан со движење и лесно дишење што може да се открие до 10 километри.

Приемникот на сигналот се вклучува на мобилен телефон или лаптоп и работи со апликација достапна на системите „Епл“ и „Андроид“. 

Сатрио Вирадината Риади Боер (23), еден од студентите, изјави дека пронајдокот го создал поради земјотресот со јачина од 7,6 степени кој го погоди неговиот роден град на островот Суматра пред 10 години, а во кој загинале дел од неговите пријатели и наставниците, додека неговата мајка била повредена.

„Сè може да се случи ако некој е премногу долго под рушевините. Може да дојде до тоа на жртвата да ѝ биде ампутирана раката или ногата или, пак, на луѓето да им недостига кислород“, изјави Боер. 

Вели дека пронаоѓањето лица од под рушевините по разорен земјотрес е најважната трка со времето.

Студентите добија патент за нивниот прототип, кој чини седум долари, но рекоа дека сакаат да го усовршат уредот пред да го направат достапен за јавноста.

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

ЛУЃЕ БЕГААТ ВО ПАНИКА, ОДРОНИ НА ПАТИШТАТА - први снимки од земјотресот во Мексико

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС РЕГИСТРИРАН НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МЕКСИКО И ГВАТЕМАЛА - јачина од 6,4 степени