05 Мај, 2024
0.0233

ОТКРИЕНА Е ТАЈНАТА: Eве за што служи малиот џеб на фармерките

Објавено во: Стил 23 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Џеповите некогаш знаат да бидат голем проблем за модните дизајнери, пред се ако се работи за женска облека, а уште повеќе за лажни џепови.

Кога се работи за фармерки, нивниот дизајн е познат, два џепови од позади, два напред и еден мал џеб над предниот.

Малиот џеб секогаш бил интересен за јавноста, која често се прашувала која е неговата функција.

Познатата компанија „Леви Штраус” ја открива мистеријата.

Малиот џеб на времето бил наменет за чувење на тогашните стари часовници на ланче.  Меѓу првите клиенти на Штраус имало и каубијци, на кои овој изум му бил добредојден.