Едниот тунел во јужното село Ашоталом бил откриен случајно кога биле приведени 44 емигранти кои биле фатени како го користат преминот. Другиот тунел во селото Чикерија се уште не бил довршен и преку истиот не успеал да мине ниту еден емигрант. Набрзо откако биле откриени, истите биле затрупани.
Унгарија е најригорозна и најзатворена земја од ЕУ кога станува збор за илегалната емиграција која доаѓа од Африка, Блискиот Исток и Азија и изгради огради од бодликава жица на својата јужна граница.