05 Мај, 2024
0.0250

Откријте кои се најдобрите IT експерти во Македонија

Објавено во: Стил 02 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Семос Едукација, единствениот „Microsoft GoldPartnerforLearningSolutions“ во Македонија понуди интересен предизвик за сите IT професионалци и програмери во Македонија! Имено, Семос Едукација од 24-29 септември годинава, организираше натпревари како дел од интернационалниот LLPA натпревар за избор на најдобриот програмер и IT професионалец во Македонија. Ивана Стефаноска и Александар Бојковски ќе се натпреваруваат во големото финале со финалисти од 22 земји од регионот на Европа, Средниот Исток и Африка (Австрија, Белгија, Бугарија, Данска, Финска, Чешка, Унгарија, Исланд, Италија, Македонија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Русија, Словачка, Словенија, Шпанија, Јужна Африка, Швајцарија, Турска и Хрватска). Двајцата победници од големото финале како награда ќе присуствуваат на најголемата светска IT конференција Microsoft Ignite 2016 со покриени трошоци за котизација, превоз и сместување.

Над 200 IT професионалци и IT програмери од Македонија учествуваа на натпреварот. Тие одговараа на два посебни теста од по 20 прашања кои се одговараа за 5 минути. Двајцата победници, едниот IT професионалец и другиот IT програмер беа избрани на принцип најмногу точни одговори за најкратко време.

Тестот беше на високо ниво и бараше познавање на голем број технологии на Microsoft како: Windows Server, SystemCenter, Hyper-V, PowerShell, Cisco, Vmware, мрежна конфигурација и сл. Во исто време беше потребна и висока концентрација и брзо размислување. Немаше време за анализи на прашањата, туку само нивно брзо читање и моментално одговарање.”, појасни Александар Бојковски, дипломиран инженер по електротехника и информатички технологии, победник во категоријата најдобар IT професионалец.

семос 1

Мотивот за учество на натпреварот беше да се излезе надвор од секојдневните работни обврски, а исто така вистински предизвик беше и да се учествува на интернационален натпревар во организација на Семос Едукација.  Би било скромно да не спомнам дека  дополнителен мотив секако беше и наградата за патување на Microsoft Ignite 2016 во Чикаго“, изјави Ивана Стефаноска победник во категоријата Најдобар програмер, вработена во Комерцијална Банка.

семос 2

Освен можност да ја освојат престижната награда за учество на Microsoft Ignite 2016, најдобрите македонски IT професионалец и IT програмер добиваат бесплатен Microsoft курс по избор во Семос Едукација.

LLPA (Leading Learning Partner Association), е здружение на 24-те најдобри тренинг центри од ЕМЕА (Европа, Среден Исток и Африка) регионот. Семос Едукација е горд член на мрежата на најголемите тренинг центри, која во ова здружение ја претставува Македонија.