06 Мај, 2024
0.0290

Откупната цена на пченицата проблем и во Македонија и во Србија

Објавено во: Агробизнис 14 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

За да се реши  проблемот со поевтината српска пченица, домашните производители мора под итно да ја зголемат конкурентноста и продуктивноста, истакнува професор, Борис Анакиев. Откако српската влада побара македонската влада да ја повлече мерката која го штити домашниот пазар на пченица и брашно и го ограничува увозот, Анакиев смета дека земјоделците освен што треба да инвестираат во нова опрема и во системи за наводнување, дополнително треба да се насочат кон одгледување и на други култури, зошто земјава не ги задоволува потребите за жито и мора да увезува, пренесува Алфа. „Ние не сме земја на жито, не можеме ни 3 тона да произведеме, а Србија дури 6 тона. Мора нашите земјоделци да се ориентираат и кон други култури, за да може да го надоместат изгубеното од непродаденото жито. Сепак имаме потенцијали за да го развиеме производството на пченица, но потребни се системи за наводнување“, вели професорот Анакиев. Во меѓувреме пак српските производители на пченица се жалат на ниската откупна цена. Српската Асоцијацијата на земјоделци побара од тамошната влада итно да ја плати субвенција од 6.000 динари по хектар. Освен тоа тие побараа исплата на надоместокот за гориво за пролната сеидба и другите неисплатени субвенции од 2012-та година. Ацоцијацијата исто така, тие ги повика земјоделците да не се сејат пченица, ако немаат купувач и договорена откупна цена. „Сушата минатата година, недостатокот на субвенционирани кредити за пролетно садење, субвенцијата за инвестирање во механизација и магацини се причина за беспарицата што доведе земјоделците да го предадат житото за засрамувачки ниска цена", велат од Асоцијацијата. Претходно и македонските земјоделци се жалеа дека наместо најавената просечна цена по 14 денари за килограм, голем број од нив годинава едвај успеале да се договорат за 12 денари. За да ги покријат трошоците, македонските производители на пченица сметаат дека треба да се плаќа по 15 денари за килограм откупена пченица.  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?