29 Април, 2024
0.0428

Отписот на камати и репрограмирање на долгови денеска на владина седница

Објавено во: Финансии 28 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, предлогот за измени и дополнувања на Законот за извршување, како и Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, ќе бидат утврдени на денешната седница на Владата, по што веднаш ќе бидат испратени на усвојување во Собранието. 

Владата денеска ќе ги одржи редовните 173-та и 174-та седница со повеќе точки на дневен ред на кои денеска ќе бидат разгледани повеќе информации, ќе бидат утврдени одлуки, и повеќе предлози за измени и дополнувања, како и предлог законски решенија. 

Владата ќе му го достави на усвојување на Собранието,Предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, и за Измени и дополнувања на Законот за извршување, со кои за сите предмети дадени за извршување до крајот на 2017 година, се предлага отпишување на сите камати на граѓаните-должници кон јавни и државни претпријатија, или државни органи и установи.

Премиерот Заев информираше дека со законските измени што се предлагаат се предвидува и репрограмирање на долгот, односно плаќањето на главниот долг да биде на рати. Колку е поголем долгот – толку ќе се зголемува рокот на отплата, односно ќе се исплаќа на повеќе рати.

Тој појасни дека доверителите кои се во државна или јавна сопственост, по сила на овој закон, се должни да направат целосен отпис на каматите и репрограмирање на главниот долг и трошоците во рок од три месеци од денот на стапување во сила на овој закон и треба да ги известат извршителите во рок од 30 дена од отписот на каматите.

Во однос на репрограмирањето со новото законско решение се предлага плаќањето на главниот долг и трошоците во постапките пред судот, нотарот и извршителот, да се врши во месечни рати, во зависност од висината на долгот и трошоците.

ВИСИНА НА ДОЛГ И ТРОШОЦИ

РОК НА ОТПЛАТА

До 10.000,00 денари

6 месеци

Од 10.0001,00 до 60.000,00 денари

12 месеци

Од 60.0001,00 до 120.000,00 денари

24 месеци

Од 120.0001,00 до 240.000,00 денари

36 месеци

Над 240.000,00 денари

48  месеци

На оваа прес-конференција, премиерот Заев најави уште една измена на Законот за извршување, со која ќе бидат изземени од извршување граѓаните корисници на гарантирана минимална помош,според која граѓаните приматели на просечна плата, на граѓаните со пензија до висина на просечната пензија, на децата корисници на семејна пензија и на хранителските семејства кои згрижуваат деца, извршувањето на главнината на долгот да се спроведува до една петина на платата или пензијата, а не до една третина како досега.




Можеби ќе ве интересира

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

ДУРИ 300 ЕВРА КАЗНА ЗАТОЈ ШТО ЌЕ БИДЕ ФАТЕН БЕЗ БИЛЕТ: Влезот во Венеција чини 5 евра, еве за кого е бесплатен влезот

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

НА ШТО СЕ ДОЛЖИ ПАДОТ НА АКЦИИТЕ НА МЕТА? - пресврт по најавата на Цукерберг за инвестиции во вештачка интелигенција

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

ГО ДОНЕСЕ ФИАТ ВО ЈУГОСЛАВИЈА, БЕШЕ СИМБОЛ НА ИТАЛИЈА: Џани Ањели го живееше животот како на филм

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ЕУ ЌЕ МУ ДАДЕ ДВЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ДО 2027 ГОДИНА: Што предвидува досега најамбициозниот финансиски пакет?

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА НЛБ БАНКА - ќе се дели богата дивиденда, еве колку таа ќе изнесува по акција

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?