03 Мај, 2024
0.0253

„ОТРОВНИ“ ЛИМОНИ: Параноја или основано сомнение?

Објавено во: Агробизнис 03 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Агенцијата за храна и ветеринарство смирува - лимоните на македонскиот пазар се безбедни. Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија дека се увезени небезбедни лимони од Република Турција. „Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат континуирани контроли на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во Република Македонија, вклучително и на увозот на лимони од Турција со земање на мостри и вршење на лабораториски испитувања. Досега ниту со еден резултат од испитаните мостри цитрусно овошје, вклучително и на лимони кои во државава се увезуваат од Република Турција, не се евидентирани отстапувања во поглед на безбедносните критериуми за увоз на агруми“ се наведува во соопштението. По изнесените наводи, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе ги засили инспекциските контроли, кај увозниците на јужно овошје и во внатрешниот промет. Од почетокот на годинава заклучно со септември, на македонскиот пазар увезени се 4.784.014 килограми лимони, по потекло од Грција, Шпанија, Бразил и Италија. Во истиот временски период само од Република Турција увезени се 2.913.823 килограми. Информацијата за отровни лимони на пазарот предизвика огромни реакции во јавноста во целиот регион. Националната организација за заштита на потрошувачите во Србија денеска побара од Министерството за земјоделство и останатаите надлежни институции веднаш да одговорат дали се вистинити информациите дека лимоните увезени од Турција се отровни. Ваквата информација пред два дена потекна од Хрватска, со тврдење дека на лимоните од Турција цената им била пониска заради употреба на опасни фунгициди, со кои ова цитрусно овошје станало отровно, па дури и канцерогено. Се додека Министерството за земјоделство нема одговор, а нема ниту инструменти за итно да реагира на гласините за отровниот лимон, ќе останеме плодна почва за ширење на страв и параноја кога станува збор за безбедноста на храната, се наведува во соопштението од српското здружение. „Не постои совет за безбедност на производи кој ќе се занимаа со проценка, анализа и управување со ризици, а нема ниту неформална група во рамките на Министерството што би се занимавала со ова. Таму нема никој на кого би можеле да му се обратите на тема безбедност на храна во вонредни ситуации“, тврди српското Здружение за заштита на потрошувачи. Проверката што ја спровело хрватското Здружение, пак, преку европските системи за контрола на безбедноста на храната, покажала дека Турција, како производител на лимоните, немала проблем со останати фунгициди во овошјето од април годинава. Доказ не може да биде ниту намалената цена на лимоните, бидејќи потрошувачите знаат дека таа цена дојде по поголемото поскапување кое се случи пред некој месец заради застој во извозот и помала понуда.  

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?