Отворен клуб во кој алкохолот се вдишува
Објавено во: Стил 30 Август, 2015
Во Лондон е отворен нов бар ,,„Alcoholic Architecture", во кој гостите доаѓаат за да вдишуваат алкохолни испарувања.
Барот содржи различни ,,вдишувачки коктели'' со разновидни вкусови. Облакот кој се вдишува е составен од 1:3 сооднос на алкохол и вода и во воздухот се испумпува со специјални навлажнувачи.
Алкохолот се апсорбира преку кожата и белите дробови и на овој начин е скоро дупло посилен. Посетителите можат да испијат половина од онаа количина што обично ја пијат, а да го имаат истиот ефект.
Затоа во барот има и ограничување и во него може да останете најмногу 50 минути.