26 Април, 2024
0.0301

Отворена електронска продавница за соларни колектори

Објавено во: Мои пари 16 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Во рамките на проектот за развој на е-трговијата, Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска ја пушти во употреба новата електронска продавница „Еко-солар“ за продажба на соларни колектори и резервна опрема.

На веб-страницата  www.ecosolar.mk, која функционира веќе неколку дена заинтересираните граѓани можат да го видат начинот на работење на соларните системи, да ги видат понудите на Еко-солар од Штип или сами да креираат соларен систем кој сакаат да го купат и да направат порачка.

- Покрај електронските продавници од областа на текстилната индустрија, туризмот и малите сувенири кои веќе ги промовиравме денеска промовираме и продавница од областа на металните производи што е уште еден доказ дека електронската трговија нема граници, рече министерот Ивановски.

Додаде дека Министерството за информатичко општество до 31 јануари годинава го продолжи рокот за вториот конкурс за електронски продавници, односно за 50-те електронски продавници за 2013 година.

- Сите кои се заинтересирани треба да достават бизнис план преку веб-станицата на Министерството за информатичко општество и администрација. Тие што ќе бидат одбрани ќе добијат една година бесплатно хостирање, а петте продавници кои најуспешно ќе работат во првата година ќе добијат и дополнителна година на бесплатно електронско хостирање, истакна Ивановски.

Сопственикот на Еко-солар Зоран Трајков рече дека отворањето на електронската продавница значи континутирана продажба од 24 часа на ден низ цела Македонија и во странство.

- Цената која се нуди е до врата на крајниот купувач, а монтажата е дефинирана преку монтажери од регионот од каде е купувачот. Продавницата пред се е наменета за семејствата кои сакаат да инвестираат во термален соларен систем и нуди производи кои се 95 отсто македонски, рече Трајков.

Во иднина, нагласи, преку електронската продавница ќе се продаваат и мали фотоволтаични соларни сиситеми за индивидуални куќи.

Претседателот на Соларната асоцијација на Македонија, Илија Насов истакна дека Македонија е еден од најдобрите региони со сончево зрачење, но со мало искористување на сончевата енергија.

Владата лани субвенционираше 500 од околу 2.000 вградени сонечеви системи со 30 отсто од цената. Наскоро се очекува да започне акцијата за субвенционирање на сончевите колектори вградени во 2013 година

Можеби ќе ве интересира

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”