17 Мај, 2024
0.0282

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ НА ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР

Објавено во: Мои пари 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Централниот регистар започнува со спроведување на акција – Отворени денови со граѓаните, започнувајќи од 16.09.2019 – понеделник.

За време на отворените денови, стручен тим од Централниот регистар, предводен од Директорката Марија Бошковска - Јанковски ќе биде присутен во градовите каде што Централниот Регистар има регионални регистрациони канцеларии, и тоа во:

Тетово

Куманово

Битола

Штип

Кочани

Струмица

Велес

Прилеп

Скопје

Охрид

Оваа институција повеќе пати досега покажа дека постои за своите корисници, за правните и физичките лица и за сите граѓани кои имаат потреба од услугите на Централен регистар.

Со Отворените денови ја активираме праксата за директен контакт со корисниците на нашите услуги. Централниот регистар секојдневно е отворен за потребите на граѓаните, но со овие посети на членови на врвното раководство на нашите регионални канцеларии, сакаме да ставиме уште поголем акцент на прашањата, па и проблемите со кои бизнис секторот, а особено микро и малите бизниси се соочуваат во нивното работење.

Сето ова е во насока на отстранување на административните бариери за водење бизнис во Република Северна Македонија.

По успешно спроведениот проект „Е-ПОДНЕСИ САМ“ и формирањето на техничка помош за граѓаните кое произлезе како фундаментална потреба, продолжуваме со уште поголем интензитет да развиваме слух за потребите на корисниците.

Со големо задоволство можам да кажам дека резултатите од овогодинешното мерење на задоволство на корисниците од услугите на ЦР, се одлични и ги отворивме вратите за секој граѓанин за предлог, сугестија, забелешка, потреба.

Веќе формиравме тим кој ќе работи на овие предлози се до конечна реализација.

Во просториите на ЦР во градовите согласно распоредот, граѓаните во периодот кој следи имаат можност да се консултираат во врска со прашања поврзани со трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, регистарот на годишни сметки, услугите поврзани со залог, лизинг и сите останати регистри и услуги кои се во надлежност на оваа институција.

Секој кој сака да се консултира со Централниот регистар во врска со информации поврзани за услугите или има потреба од дополнителни насоки од страна на стручните лица, е добредојден.

Распоредот за отворените денови ќе биде објавен на веб страницата на Централен регистар www.crm.com.mk


Можеби ќе ве интересира

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак

14 македонски студентки по технички науки на првиот глобален состанок на иницијативата Global Engineer Girls на Групацијата Лимак