27 Април, 2024
0.0312

ОТВОРЕНИ ВРАТИ ЗА БИЗНИС: Овие држави стимулираат најмногу жени претприемачи

Објавено во: Финансии 08 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Женското претприемништво често се гради врз основа на потребата и храброст, но создавање на силни стимулативни услови како пристап до финансиски услуги и слобода при управување со бизнисот ги твараат вратите кон прогресот на компаниите во сопственост на жени. Ова го покажува првата студија на новосоздадениот Индекс на жените претприемачи на Mastercard.

Овие стимулативни услови се клуч за надминување на двете главни пречки кои попречуваат и обесхрабруваат голем дел од жените да станат претприемачи - културните предрасуди и помалиот број можности за личен развој.

Истражувањето покажува дека развиените пазари ги заземаат првите места во ранг листата на индексот, предводени од Нов Зеланд (74.4%), Канада (72.4%) и САД (69.9%). Во овие земји постојат најдобри услови кои го поддржуваат бизнисот, предводен од жени. Меѓу овие услови се присуството на работа на малите и средни големи деловни заедници, висококвалитетно ниво на управување и слобода при управувањето со бизнисот.

Индекс на Mastercard за жени претприемачи - Топ 10 пазари со најголеми стимулирачки услови и можности за развој на жените како претприемачи:

1. Нов Зеланд - 74.4

2. Канада - 72.4

3. САД - 69.9

4. Шведска - 69.6

5. Сингапур - 69.5

6. Белгија - 69.0

7. Австралија - 68.5

8. Филипини - 68.4

9. Британија - 67.9

10. Тајланд - 67.5

Од друга страна, кај економиите со ниски примања како Уганда (34.8%), Бангладеш (31.6%) и Виетнам (31.4%) се забележува највисок процент на жени претприемачи, кои се водени пред се од потреба отколку што се инспирирани од можностите за развој на бизнис.

Жени, сопственици на компании, како % од сите сопственици на бизниси - Топ 10 пазари

1. Уганда - 34.8%

2. Боцвана - 34,6%

3. Нов Зеланд - 33.3%

4. Русија - 32.6%

5. Австрија - 32.4%

6. Бангладеш - 31.6%

7. Виетнам - 31.4%

8. Кина - 30.9%

9. Шпанија - 30.8%

10. САД - 30.7%

„Преовладувачкото присуство на амбициозни, способни жени треба да се гледа како водечка бизнис можност.

Бидејќи општеството обрнува поглед кон постоечките културни предрасуди, ние ќе оддадеме придонес за создавање на услови кои треба да ги зајакнат темелите за личен и економски раст“, посочила Вања Манова, Менаџер за Бугарија и Македонија, од Mastercard.

„Како се зголемува пристапот до критични мрежи, истражувањето ни покажува дека жените се многу способни да го откријат својот целосен потенцијал, да ги постигнат своите цели и да постигнат сеопфатен раст. Имаме одлична можност да ги насочиме напорите кон културните и организациските проблеми и да ги охрабриме уште повеќе жените лидери“, изјавила Анн Кернс, Претседател Меѓународни пазари, Mastercard.

Индексот покажува дека земјите со повеќе стимулирачки услови развиваат поголем број претприемачи, предводени од можностите (т.е. предводени од желбата за напредок), додека кај земјите со помалку стимулирачки услови постои тенденција за развој на претприемачи, предводени од потребата (т.е. предводени од потребата за опстанок).

Можеби ќе ве интересира

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

И СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА ПОТВРДУВА: Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

Е СЕГА Е НАВИСТИНА СЕРИОЗНО: Комерцијална банка почнува длабинска анализа на Стопанска Битола за да се одлучи за можно присоединување

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат