05 Мај, 2024
0.0230

ОВА ДЕНЕС НЕ СМЕЕТЕ ДА ГО ПРАВИТЕ: Верниците го слават Воведение-Пречиста Богородица

Објавено во: Стил 04 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Православните верници денеска го слават Воведение односно водење на Света Богодородица како тригодишно девојче во храм.

На овој ден по обичај престануваат свадбите кои не се одржуваат до првите денови на пролетта.

Обичај е после службата во црква да се соберат сите млади кои оваа година се венчале. На воведување важи и обичајот оние кои не можат да родат деца да одат да преспијат во манастир како Богородица би им подарила можност да имаат пород.

Воведение е слава на сточарите кои веруваат дека Богородица им ја штити стоката од зверови.

Во календарот на МПЦ Воведение е запишано се црвени букви, а инаку се смета за еден од 12 најголеми христијански празници.

Воведение се смета за тешеок празник и денес не треба да се прават никакви важни работи, да се потпишуваат договори, да се започнуваат големи работи и слично. За овој ден важи и правилото дека не треба да се работи по дома, да се пере , да се пегла и слично.

Според Светото Предание, Пресвета Богородица била претставена во Ерусалимскиот Храм како мало тригодишно девојче од нејзините благочестиви родители, свети Јоаким и Ана, со цел да биде исполнет нивниот завет даден на Бога. Бидејќи за раѓањето и раниот живот на Богородица нема непосредни информации од книгите на Новиот Завет, најраниот извор на ова предание може да се лоцира во неканонското Протоеванелие според светиот апостол Јаков од вториот век. Во нејзина преидружба биле повикани девојчиња кои носеле свеќи во рацете, давајќи му посебно значење на самиот настан. Богородица се искачила по скалите, свечено пречекана од свештениците во храмот, предводени од Захарија, таткото на свети Јован Крстител, и била воведена во најсветиот дел од Храмот - Светињата на светиите. Таму живеела девет години, додека не била предадена на нејзиниот роднина, свети Јосиф Целомудрен, за да биде испочитуван Законот.

Значењето на овој празник е многусложно, но сепак - Црквата го гледа овој празник како празник кој го обележува крајот на физичкиот, материјален Ерусалимски Храм како место во кое пребива Бог, и почеток на Новиот Завет, каде преку Богородица, Несместивиот Христос е сместен во утробата на Пречистата. На овој начин, Пресвета Богородица се предава и посветува целосно на Бога и (подоцна) станува пребивалиште на Воплотениот Бог, мост кој ги поврзува небото и земјата - Бог и човекот; чекор пред обожувањето на човекот.

Куќна слава

Во Јабланица со посебна чест и задоволство се празнува овој празник, особено затоа што тој е„куќна слава“ на повеќе од половината на жителите на селото.

Празникот го прославуват родовите: Аџиовци, Белковци, Будиновци, Белкоќевци, Домазетовци, Деспотовци, Лековци, Петровци, Долинци, Шиниковци, Поповци, Палиовци, Алачковци, Шикулевци, Кајшовци, на сите им го честитаме празникот.

Церемонијата на празнувањето почнува ден порано со „сечење леб“ и посета на гробиштата. Вечерта спроти празникот и на празникот се служи посна трпеза ( посен грав и риба).

Денеска е прекрасен сончев ден во Јабланица, можност за посета на роднините и пријателите и едно фото сафари во зимски амбиент.