29 Април, 2024
0.0242

ОВА ДЕНЕС НИКАКО НЕ СМЕЕТЕ ДА ГО ПРАВИТЕ: Почна големиот Божиќен пост!

Објавено во: Стил 28 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

Православните верници и цркви денеска го започнуваат Големиот пост кој ќе трае до Божиќ, односно 7 јануари 2016г.

Основата на секој пост во христијанството , а со самото тоа и Божиќниот, се состои во воздржување од мрсна храна, лоши дела и мисли. Меѓутоа, вероучителите нагласуваат дека многумина православни верници погрешно ја сфаќаат смислата на постот во кој не треба да се умири своето тело и страст.

Христијанското учење наведува дека во постот најважно е да се откажете од гордоста, која се смета за еден од најголемите гревови и корен на злото. Постот е најважен во духовна смисла, а самиот чин на телесен пост и по книгата на патријархот Павле „Молитви и молби“ не е пресуден.

-Телесниот пост е воздржување од храна, но духовниот пост е поважен. Тој служи она што е негативно од душата да се исфрли и на тоа место да се посади нешто добро-напишал патријархот Павле.

Многу верници не знаат дека постот всушност е работа на слободната волја и дека за Божиќ причест ќе добијат и оние кои не се воздржувале од поедини видови храна.

Верниците понекогаш постот го прекршат и несвесно (на пример: чоколадните бананки содржат желатин кои содржи пак животински коски), но тоа не е причина за грижа, бидејќи, како што веќе кажавме, постот пред се е состојба на духовната свест.

Најважно е во наредните 40 дена, како што советувал Патријархот Павле да не псуете, да немате лоши и погани мисли, не однесувајте се недостојно, не бидете горди и егоистични, сослушајте го секој и помогнете му на секој кој ја бара вашата помош.

За оние кои целосно се придржуваат до телесниот пост важно е да знаат дека така нареченото постење на вода (без риба) задолжително само во последните седум дена, а не претходно.

Она што секако денес никако не смеете да го правите, без разлика на тоа дали сте верник или не, е никому да не му мислите зло, не бидете љубоморни и не карајте се. Воздржете се денес од страст бидејќи (барем според народната традиција) се верува дека оние кои на првиот ден на големиот пост се умерени и благонаклонети, со своето однесување обезбедуваат просперитет на својот дом.

Напишете ни во коментар дали и вие се придржувате до правилата кои се поврзани со Божиќниот пост?

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти