06 Мај, 2024
0.2061

Ова е најдобриот жесток пијалок на светот!

Објавено во: Стил 25 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Титулата за најдобар жесток пијалок и оваа година, како и двете претходни, по одлука на жирито на дваесетиот меѓународен конкурс во Лондон им припадна на Французите.

Во прашање е “Crème de Cassis” – ликер од црна рибизла од Бургонија, реномираната куќа Lejay Lagoute.

Жирто , сочинето од преку 50 професионалци, одлучуваше во текот на шест дена за овогодинешниот победник во конкуренција од 1300 алкохолни пијалоци.

Вице победник за 2013 и 2014 исто така беше францускиот ликер од дижонска рибизла, но произведен во куќата Будије.