07 Мај, 2024
0.0237

Ова е најскапото грозје продадено за 11.000 долари

Објавено во: Стил 08 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Најскапото грозје се одгледува во Јапонија во Ишикава и е презентирано на пазарот за прв пат.

Рубин Римјанин е нова и особено ретка сорта грозје, која е продадена за феноменални 11.000 долари на аукција во Јапонија.  Го купи Такамаро Кониши, кој е сопственик на супермаркети. Тој платил 360 долари за секое одделно зрно. Целото грозје е со тежина од 700 грама и  има 26 зрнца. Видот грозје се појавува во Јапонија во 2008 година, а  името го добива по консултации.

13557884_1194250720609852_3780331551831330662_n

Практиката Јапонците да трошат многу пари за скапо овошје не е од неодамна. Во Јапонија има традиција да се подаруваат скапи овошја на побогати луѓе. Ова се гледа како многу добар гест. Слично купување на друга сорта овошје се спровела во 2015 година. Тогаш се купени два дињи за 12.000 долари.