Oва е најсмртоносната граница на светот - еве и зошто
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2017
Повеќе од 33.761 мигранти починале во Средоземното море од 2000 година, што ја прави најсмртоносната граница во светот, објави студијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ).
Најдолгиот централен пат меѓу Либија и Италија значително се раздвижил.
Од јануари оваа година. 161.000 економски мигранти и бегалци го преминале Медитеранот, повеќето од нив кон Италија, соопшти вчера ИОМ во Женева. Скоро 3.000 лица загинаа на море или исчезнаа.
Агенцијата на ОН за миграции потсетува дека по рекордниот број на пристигнувања од 2014 до 2016 година, договорот на ЕУ и Турција го спречи приливот на мигранти во Грција и ги блокираше мигрантите во Либија.
Професорот Филип Фарже од Европскиот универзитетски институт во Фиренца и автор на извештајот рекол дека овие податоци веројатно не го отсликуваат вистинскиот обем на човечката трагедија.
„Најмалку 33.761 мигрант го изгубил животот или исчезнал во Средоземното море помеѓу 2000 и 2017 година“- рекол шефот на агенцијата Хорхе Галиндо. Тој додал дека може да се каже како Средоземното море, како граница на Европа, е најлошата и најопасната на светот.
Од 161.000 мигранти и бегалци кои стигнале во Европа по море, 75% во Италија, а остатокот во Грција, Кипар и Шпанија, според податоците на агенцијата.