„ОВА Е ПОСЛЕДНОТО УПОРИШТЕ НА ХАМАС ВО ГАЗА“ - Нетенјаху одобри план за офанзива на Рафа
Објавено во: Свет 16 Март, 2024
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги одобри оперативните планови за офанзива на Рафа, најјужниот град во Појасот Газа, соопшти неговиот кабинет.
Израел соопшти дека Рафа, дом на четири баталјони на Хамас, останува последното големо упориште на Хамас во Појасот, по израелската воена операција во северниот и централниот дел на палестинската енклава.
Израелците повторно пукаат во Палестинците кои чекаат хуманитарна помош: Најмалку 29 лица загинаа, над 150 се ранети
Планот наиде на меѓународна критика, вклучително и од САД и Египет, бидејќи Рафа е дом на повеќе од милион раселени Палестинци од Појасот Газа, но Израел вели дека прави планови за евакуација и заштита на цивилите за време на офанзивата.
Истовремено, Нетанјаху го нарече „апсурден“ планот на Хамас за прекин на огнот, ослободување заложници од Газа и ослободување на палестински затвореници од израелските затвори.