19 Мај, 2024
0.0477

ОВА ЌЕ БИДАТ ДЕЖУРНИ ПОЛИКЛИНИКИ ЗА ВРЕМЕ НА НОВОГОДИШНАТА НОЌ: Здравствен дом-Скопје апелира да се избегнува користење петарди

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

ЈЗУ  ”Здравствен дом на Скопје”- Скопје ги известува сите граѓани дека за време на Новогодишните празници  ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.

На 31.12.2022 година во Поликлиника Букурешт ќе бидат дежурни специјалистичките  служби  од 08 до 16 часот.

-На новогодишната ноќ  достапни ќе  бидат дежурните  ординации  за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар. Исто така со секојдневното работно време ќе функционира и единицата за домашно  лекување.

Поради претстојните прослави на Новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош  ги дава следните:

Редовно земање на терапија кај хроничните болни,

Да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост,

Умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди,

Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот,

Воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.

Се надеваме на беспрекорно почитување и придржување кон дадените препораки како би можеле Новогодишните празници да ги  дочекаме  во весело и пријатно расположение за сите. Повикајте Итна медицинска помош кога Ви е најпотребно, се наведува во известувањето на Здравствен дом-Скопје.


Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама