14 Мај, 2024
0.0287

ОВА НИКАКО НЕ СМЕЕТЕ ДЕНЕС ДА ГО ПРАВИТЕ: Се празнува Св. Ѓорѓи Победоносец!

Објавено во: Стил 16 Ноември, 2015

Добивај вести на Viber

МПЦ денес го обележува денот кога моштите на Свети Ѓорѓи се пренесени од Никомдија во Лида ( денешна Палестина).

Денес во сите православни цркви верниците во текот на богослужбите ќе се потсетат на Свети Ѓорѓи и неговото значење во христијанството.

Кај нас постои верување дека на овој ден ништо не смее да се изнесе од куќата бидејќи во спротивно цела година ќе имате само расходи без приходи.

Народното верување вели и дека денес не смее да се преде волна, како и дека ништо не смее да се пере. Жените не би требало да везат било какви рачни работи.

Денешниот ден се смета и еснафска слава на кројачите и чевларите.

Исто така народните преданија велат и дека зимата доаѓа со Свети Ѓорѓи, а заминува со Ѓурѓевдан.